Достапни линкови

Ромите - најдискриминирана етничка заедница


Годишен извештај на Комисијата за заштита од дискриминација за 2012 година.
Годишен извештај на Комисијата за заштита од дискриминација за 2012 година.

Од вкупно 75 претставки колку што се доставени до Комисијата за заштита од дискриминација во текот на минатата година, 16 граѓани пријавиле дека почувствувале нееднаков третман поради етничката припадност, а најчести жртви остануваат Ромите.

Етничките заедници најмногу се чувствуваат дискриминирани во областа на работата, социјалната сигурност, образование и во сите други области определени со Законот за заштита од нееднаков третман, покажуваат резултатите од работата на Комисијата за заштита од дискриминација. Од вкупно 75 претставки колку што се доставени до Комисијата во текот на минатата година 16 граѓани пријавиле дека почувствувале нееднаков третман поради етничката припадност, а најчести жртви остануваат Ромите.

За жал, оваа етничка заедница навистина сериозно се соочува секојдневно со најразлични проблеми, од најбанални во смисла нема пристап до ресторани, нема на базен пливање итн.
Душко Миновски, претседател на Комисијата за заштита од дискриминација.
„За жал, оваа етничка заедница навистина сериозно се соочува секојдневно со најразлични проблеми, од најбанални во смисла нема пристап до ресторани, нема на базен пливање итн.“, изјави Душко Миновски, претседател на Комисијата.

После етничката припадност, области во кои најчесто е застапена дискриминацијата се здравството, потоа припадноста на маргинализираната група, а исто така повреди има и во личниот или општествениот статус. Претседателот на Комисијата нагласи дека од вкупно 75 претставки за 12 е донесено мислење дека има нееднаков третман и дадени се чекори како да се надмине.
Државата сè уште не презема никакви мерки, не само по однос на критиките од Хелсиншкиот комитет и другите невладини организации во земјава, туку и од релевантните меѓународни организации дека луѓето што работат во Комисијата во исто време се и државни службеници во Министерството за труд и социјална политика.
Уранија Пировска, Хелсиншки комитет на Македонија.

„Ги организираме граѓаните, тие непосредно ни ги кажуваат проблемите и едноставно ги храбриме дека нема да имаат евентуално додатни реперкусии ако само пријават. Мора да кажеме дека не примаме анонимни претставки, стигаат анонимни, но не ги третираме затоа што таков е законот“, вели Миновски.

Претставници на повеќе невладини организации кои работат на полето на заштита на човековите права изјавија дека се зачудени дека Комисијата самата не ги следи препораките кои ги дава. Тие имаа и повеќе други забелешки. Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет оцени дека Комисијата функционира на малку несоодветен начин, зошто не е обезбедена независност од државата.

„Државата сè уште не презема никакви мерки, не само по однос на критиките од Хелсиншкиот комитет и другите невладини организации во земјава, туку и од релевантните меѓународни организации дека луѓето што работат во Комисијата во исто време се и државни службеници во Министерството за труд и социјална политика“, вели Пировска.

Инаку претседателот на Хелсиншкиот комитет нагласи дека во наредниот период очекува да се соочиме со голем број претставки чија основа ќе биде политичката дискриминација и оти истата многу високо котира во нашата држава.

„Ќе треба изгледа да ги засукаме малку повеќе ракавите бидејќи очекувам да има голем прилив на поплаки од вработени во државната администрација кои се секогаш на мета кога станува збор за период пред или по изборите“, вели Пировска.

Извештајот на Хелсиншки говори дека не е мал бројот на претставки кои се однесуваат на дискриминација по основ на сексуална ориентација, а најмаргинализирана група во нашата држава и во нивниот извештај остануваат Ромите.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG