Достапни линкови

Охрид исполнет за празниците


Охрид.

Охрид.

Хотелиерите велат дека се задоволни од нивната исполнетост, и дека токму во овој период пристигнуваат и првите групи со гости од Холандија, но и гости од Данска и Австрија од каде еднаш неделно до Охрид ќе има чартер лет.

Охриѓани се надеваат на добра исполнетост за првомајските и велигденските празници. Најавите на метеоролозите за високи пролетни температури ги разбудија очекувањата на охридските угостители дека градот наредните неколку дена ќе се разбуди од зимскиот сон. Хотелиерите велат дека се задоволни од нивната исполнетост, и дека токму во овој период пристигнуваат и првите групи со гости од Холандија, но и гости од Данска и Австрија од каде еднаш неделно до Охрид ќе има чартер лет.
Исполнети сме 100 отсто, дури дел од гостите ги препраќаме и во другите хотели. Гости има од Полска, Австрија, Шпанија и за православен Велигден има гости од Грција. Веќе сме повеќе исполнети во однос на минатата година.

Драгица Костоска, менаџер во еден охридски хотел вели:

„Исполнети сме 100 отсто, дури дел од гостите ги препраќаме и во другите хотели. Гости има од Полска, Австрија, Шпанија и за православен Велигден има гости од Грција. Веќе сме повеќе исполнети во однос на минатата година, но и најавите се поголеми. За празниците, за Велигден и за 1 и 2 мај, тешко да се најде слободно место во Охрид“, рече Костоска.

Меѓу најбројните за празниците особено за 1 и 2 мај најбројни ќе бидат гостите од Турција, кои и онака секојдневно во групи можат да се забележат низ градот. Туристичкиот водич Севдел Ќерим вели:

„Повеќето од гостите се сместуваат во Свети Стефан. Се шетаат низ Охрид, но им е страв да се качат на брод. Ги сакаат сите културно историски споменици во Охрид“, вели Ќерим.
Повеќето од гостите се сместуваат во Свети Стефан. Се шетаат низ Охрид, но им е страв да се качат на брод. Ги сакаат сите културно историски споменици во Охрид.

„Слушнавме за Охрид. Има кај нас по медиумите многу реклами за Охрид и затоа се одлучивме да дојдеме и да го видиме Охрид за да го запознаеме“, вели еден турист од Истанбул.

Има најави за гости од цел Балкан, вели Тања Лилиќ, туристички водич од Охрид.

„Се надевам дека угостителите и туристичките работници ќе водат малку сметка и за цените ако сакаме полни капацитети и да не чекаме скопјани да ни бидат туристи. Треба да водиме сметка, особено во ваква економска ситуација“, вели Лилиќ.

И сопствениците на кајчиња очекуваат гости за празниците. Велат дека Охрид најпосетуван бил за време на поранешна Југославија. На гостите им ги нудат традиционалните прошетки.

„До Канео, Билјанини Извори, стариот дел на градот. Тие се дестинации кои ние најмногу ја возиме“, вели кајчарот Панта Апостолов.
XS
SM
MD
LG