Достапни линкови

Нема повредени Македонци во експлозијата во Прага


Македонскиот амбасадор во Чешка Паскал Стојчески потврди за МИА дека нема повредени Македонци во денешната експлозија во центарот на Прага. По контактите на Амбасадата со надлежните органи се добиени информации дека меѓу повредените 35 лица во експлозијата која се случи во зграда во непосредна близина на Филмската академија за сценски уметности каде студираат десетина македонски студенти, нема повредени државјани на Македонија. Според првичните информации се работи за експлозија на гас.
XS
SM
MD
LG