Достапни линкови

Русија и Јапонија ќе го решаваат територијалниот спор


Рускиот претседател Владимир Путин и јапонскиот премиер Шинзо Абе

Рускиот претседател Владимир Путин и јапонскиот премиер Шинзо Абе

Рускиот претседател Владимир Путин и јапонскиот премиер Шинзо Абе се согласија да ги зголемат напорите за решавање на територијалниот спор за островите во Пацификот, поради кои двете земји не го потпишаа договорот со кој се стави крај на Втората Светска Војна.
Во заедничкото соопштение по нивната средба во Москва е наведено дека не е нормално тоа што двете земји се уште не го потпишале договорот иако војната заврши пред 68 години. Двете земји се во спор за четири мали острови во Пацификот познати како Курилските острови во Русија и Северните територии во Јапонија.
XS
SM
MD
LG