Достапни линкови

Експлозија во центарот на Прага


Прага 29.04

Прага 29.04

Експлозија во центарот на Прага - над 40 повредени. Меѓу нив нема македонски државјани. Причина за експлозијата било истекување на плин.

43 лица биле повредени, од кои четворица потешко, при денешната експлозија во центарот на Прага, во близина на Народниот театар. Чешките вчасти потврдија дека причина за експлозијата било истекување на плин, јавувија чешките медиуми, а тоа го потврди и портпаролот на полицијата во Прага, Томаш Хулан.

„Најверојатно станува збор за експлозија предизвикана од истекување на плин во една од зградите на улицата „Диваделни“ (Театар) на ќошот со улицата Кроцинова.“
Најверојатно станува збор за експлозија предизвикана од истекување на плин во една од зградите на улицата „Диваделни“ (Театар) на ќошот со улицата Кроцинова.

На местото на несреќата веднаш излегле спасувачки екипи бидејки се страхуваше дека во објектот можеби има уште луѓе. Од експлозијата биле оштетени и некои соседни објекти, меѓу кои и познатиот прашки ресторан Славија.

Повредени се 6 странски државјани, а меѓу нив нема македонски држајвани. Македонскиот амбасадор во Чешка Паскал Стојчески за МИА изјави дека нема информации за повредени македонски државјани во експлозијата и дека стапил во контакт со надлежните органи од кои очекува да ги добие потребните информации.

Експлозијата се случи во зграда во непосредна близина на Филмската академија за сценски уметности (ФАМУ) при што се евакуирани над 200 лица, а на 55 луѓе им е пружена медицинска помош.

Сообраќајот во близина е блокиран и местото е обезбедено од полицијата.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG