Достапни линкови

Нема информации за повредени Македонци во Прага


Засега нема информации за повредени македонски државјани во експлозијата која се случи во центарот на Прага, јави дописникот на МИА. Македонскиот амбасадор во Чешка Паскал Стојчески изјави дека по контакт со надлежните органи очекува да ги добие потребните информации за евентуални повредени од Македонија. Експлозијата се случи во зграда во непосредна близина на Филмската академија за сценски уметности (ФАМУ) при што се евакуирани над 200 лица, а на 55 луѓе им е пружена медицинска помош. Сообраќајот во близина е блокиран и местото е обезбедено од полицијата. Според првичните информации се работи за експлозија на гас.
XS
SM
MD
LG