Достапни линкови

Иванишвили бара помош за обнова на односите со Русија


Грузискиот премиер Бидзина Иванишвили

Грузискиот премиер Бидзина Иванишвили

Грузискиот премиер Бидзина Иванишвили изјави денеска дека неговиот кабинет работи на исправување на грешките направени од претходната влада. Говорејќи на семинарот на Парламентарното Собрание на НАТО во Тбилиси тој рече дека на Грузија и треба помош од меѓународните партнери да ги обнови врските со Русија кои беа прекинати во 2008 година за време на војната меѓу двете земји поради Јужна Осетија.
Иванишвили упати критика до претседателот Михаил Сакашвили за контрапродуктивниот став кој го предизвикал воениот конфликт со Москва.
XS
SM
MD
LG