Достапни линкови

Експлозија во центарот на Прага, 40-тина повредени


Најмалку 40 лица биле повредени, од кои 4-ца потешко, при денешната експлозија во центарот на Прага, во близина на Народниот театар. Веројатна причина е експлозија на плин, јавуваат чешките медиуми. На местото на несреќата веднаш излегле спасувачки екипи бидејки се страхува дека во објектот можеби има уште луѓе. Од експлозијата биле оштетени и некои соседни објекти, меѓу кои и познатиот прашки ресторан Славија.

XS
SM
MD
LG