Достапни линкови

logo-print

Сеул ќе ги евакуира своите работници од Кесонг


Јужна Кореја се подготвува за евакуација на преостанатите нејзини државјани од индустриската зона Кесонг, која е заедничка со Северна Кореја. Сеул чека на одобрение од Пјонгјанг. Комплексот Кесонг беше затворен во почетокот на овој месец откако Северна Кореја ги протера јужно-корејските менаџери и го забрани влезот на камионите во зоната.Истовремено, Пјонгјанг ги повлече своите 53.000 работници. Тензиите на Корејскиот Полуостров постојано се зголемуваат откако во февруари Северна Кореја изврши нуклеарна проба, а сега се заканува и со напад врз Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG