Достапни линкови

Прашања за 1-ви Мај


Новица Наков, блогер, истакнат член на македонската заедница за слободен софтвер.
Новица Наков, блогер, истакнат член на македонската заедница за слободен софтвер.

Ако бев меѓу оние кои го дочекаа ова минимално покачување на примањата, сега веројатно ќе размислував за најдобра распределба на тие пари за покривање на сите месечни потрепштини. Протести, штрајкови и работнички права немаше да ми бидат на памет - исто како и во Словенија, пишува блогерот Новица Наков во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Има еден текст од Славој Жижек кој што го допира прашањето за работниците и нивните права. Накратко Жижек вели дека вистинскта работничка класа [рудари, текстилни работници] во Словенија не ни се обидува да штрајкува. Штрајкува „платената буржоазија“, оние кои имаат гарантирана државна работа и кои штрајкуваат за да ја задржат својата позиција над работничката класа.
Тоа се, вели Жижек, професорите, лекарите, државната администрација.
Треба ли да се бунам кога директорот не плаќа за прекувремена работа, бара задолжително доаѓање во сабота, не дозволува боледување или излегување од канцеларија за пауза, а годишниот одмор ми е само 10 дена иако се потпишувам за повеќе? Треба ли да бидам на улиците на Први Мај, и како што оди популарниот виц, зошто не сум?

Ова е интересна и важна поента. Еве сум, пишувам текст за медиум што се објавува на интернет, го правам тоа на компјутер што чини колку неколку минимални плати во Македонија, а само месечната сметка за телефонски услуги и интернет ми изнесува колку што изнесува покачувањето што со последните измени го добија критичните индустриски гранки со што [конечно] се изедначија со пропишаниот минимален износ од 8.050,00 денари.

Ако бев меѓу оние кои го дочекаа ова минимално покачување на примањата, сега веројатно ќе размислував за најдобра распределба на тие пари за покривање на сите месечни потрепштини. Протести, штрајкови и работнички права немаше да ми бидат на памет - исто како и во Словенија. Немам високо образование, едвај ја најдов оваа работа, нема противење на газдата.

Но, да речеме дека сум во друга социјална група. Имам добро платена работа во растечки сектор од македонското стопанство. Имам службен мобилен и лаптоп. Можам да си ги дозволам малите, слатки производи на денешницата. Треба ли да се бунам кога директорот не плаќа за прекувремена работа, бара задолжително доаѓање во сабота, не дозволува боледување или излегување од канцеларија за пауза, а годишниот одмор ми е само 10 дена, иако се потпишувам за повеќе? Треба ли да бидам на улиците на Први мај, и како што оди популарниот виц, зошто не сум?

Според Жижек [од истиот текст], токму позицијата на Антонио Негри е дека револуционерната сила е токму во новата дигитална класа на интелектуални работници. Но, засега се чини дека тукашната ваква класа го демантира Негри.

Оттука прашањето, барем од активистичко-мобилизирачка гледна точка, е следново:

Како загрижените за социјална правда и растечка нееднавкост да добијат поддршка, соработка и соучество од онаа група која е пообразована и поплатена, но сѐ уште не ужива во згрижувачкта мрежа на државните служби, кога веќе поддршка, соработка и соучество не можат да ги добијат од „старата“ работничка класа.?

Немам одговори.
XS
SM
MD
LG