Достапни линкови

Вашингтон размислува за акција против сиријскиот режим


Американските републикански законодавци бараат акција од претседателот Барак Обама против владата во Сирија поради информациите дека режимот на Башар Ал Асад употребил хемиско оружје против бунтовниците. Меѓутоа, во Вашингтон и натаму има дилеми што треба да биде превземено. САД им даваат политичка и невоена помош на сиријските бунтовници и засега се воздржува од конкретна воена акција. Вашингтон објави дека веројатно сиријскиот режим во март, два пату употребил хемиско оружје, а слични информации објавија и Велика Британија, Франција, Израел и Катар со истовремено барање за акција во врска со сиријскиот конфликт.
XS
SM
MD
LG