Достапни линкови

10 загинати во престрелка на банди во Мексико


Во судири меѓу вооружени групи во западниот дел на Мексико биле убиени најмалку 10 лица, главно припадници на бунтовници кои тврдат дека државната полиција не ги штити од криминалните групи. Според извештаи на медиумите, вооружени групи со автоматски пушки и гранати ја нападнале групата бунтовници, по што дошло до голема престрелка. Ваквите битки меѓу вооружени групи се чести во тој дел од Мексико, главно заради контрола врз илеалната трговија со дрога.
XS
SM
MD
LG