Достапни линкови

Истражување: штедењето лошо за здравјето


Истражувачите велат дека намалувањето на трошоците во насока на заживување на глобалната економија има негативно влијание врз здравјето на луѓето во Европа и во Северна Америка. Резултатите до кои дојдоа економистот Дејвид Стаклер од Универзитетот Оксоворд и професорот по медицина и епидемиологија, Санџај Басу од Стенфорд Универзитетот по десетгодишно истражување се дека мерките за штедење ги зголемиле, самоубиствата, депресијата и заразните болести. Меѓу другото клучно влијание има послабиот пристап до лекови и нега.
XS
SM
MD
LG