Достапни линкови

Путин ќе се сретне со јапонскиот премиер


Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе се сретне со јапонскиот премиер Шинзо Абе во Москва што е прва средба на лидери на двете земји во изминатава деценија. Се очекува разговорите да бидат фокусирани врз спорот околу четирите мали острови во Пацификот познати како Јужни Курили.
Исто така се очекува да се разговара и за можното учество на Јапонија во изградбата на гасоводот кој ги поврзува гасните полиња во Северен Сибир со гасоводната мрежа во Владивосток која е контролирана од државниот монопол Гаспром.
XS
SM
MD
LG