Достапни линкови

Македонскиот ракометен првак Металург не успеа да се пласира во четирите најдобри екипи во Лигата на шампиони, откако беше поразен од Киелце во Полска. Металург загуби со 26:15, а резултатот на крајот од првото полувреме беше 12:08. Киелце заедно со Барселона и Кил ќе се бори за титулата во најелитното ракометно натпреварување на фајнл фор турнирот во Келн.
Четвртата екипа која ќе им се придружи ќе се знае по натпреварот меѓу Хамбург и Флензбург. Металург на првиот натпревар со Киелце во Скопје загуби со 25:27.
XS
SM
MD
LG