Достапни линкови

Исландската опозиција освоила 38 пратенички места


Партијата на независноста и Прогресивната партија освоиле по 19 пратенички места, според крајните резултати од гласањето на парламентарните избори во Исланд. Социјалдемократите кои досега беа на власт освоиле помалку од 13 отсто од гласовите. Двете партии кои ќе имаат 38 пратеници од 63 во Парламентот беа соборени на изборите во 2009 година поради финансиската криза која ја погоди земјата.
Тие на гласачите им ветија поголем економски раст по острите мерки за штедење во изминатите години на власта во заминување.
XS
SM
MD
LG