Достапни линкови

Талибанците одговорни за нападите во Пакистан


Талибанците ја презедоа одговорноста за смртоносните бомбашки напади во Пакистан чија цел им биле канцелариите на независни кандидати за парламентарните избори во наредниот месец. Во меѓувреме се случија уште два напади во кои загинаа најмалку 8 лица, а 35 беа повредени.
Во првиот напад во градот Кохат загинале 5 лица, а 22 биле повредени. Во втората експлозија во Пешавар биле убиени 3 лица, а повредени се 12.
XS
SM
MD
LG