Достапни линкови

Уапсен сопственикот на зградата што се урна во Бангладеш


Урнатините на зградата во Бангладеш

Урнатините на зградата во Бангладеш

Полицијата во Бангладеш го уапси сопственикот на зградата која се урна во минатата недела, при што загинаа повеќе од 350 лица. Властите соопштија дека Мухамед Сохел Рама бил уапсен на индиската граница. Рама беше во бегство откако се случи несреќата во изминатата среда.
Спасувачките тимови се уште се обидуваат да пронајдат преживеани под урнатините на осумкатната зграда во која биле сметени неколку фабрики.
XS
SM
MD
LG