Достапни линкови

Престрелката во Италија изолиран инцидент


Новиот италијански министер за внатрешни работи Ангелино Алфано изјави денеска дека престрелката пред канцеларијата на премиерот била изолиран инцидент. Според него нападот го извршил 49 годишен невработен маж. Престрелката се случи додека владата на премиерот Енрико Лета положуваше заклетва во претседателската палата, при што двајца полицајци беа повредени.
XS
SM
MD
LG