Достапни линкови

logo-print

ТОТО-возачот на автобусот пуштен без кауција


Илустрација

Илустрација

Туристичката агенција „ТОТО“ соопшти дека во автобусот кој имаше собраќајната несреќа во петокот во близина на Будимпешта патувале 25 патници и тројца возачи. По несреќата, дел од патниците биле згрижени во болницата во Ѓор, а останатите во болницата во Татабања. Од агенцијата информираат дека во моментов четворица патници со потешки телесни повреди, надвор од животна опасност, се задржани на лекување во болницата во Ѓор. По укажаната лекарска помош, 13-ет патници го продолжиле патувањето за Брно, односно Прага со организиран превоз од агенцијата. Според соопштението, останатите патници со полесни повреди го продолжиле патувањето до крајната дестинација или до Скопје во сопствена режија.
Возачот кој во моментот на несреќата управувал со автобусот бил професионално вработен во агенцијата, а релацијата Скопје, Брно, Прага ја возел речиси три години. По несреќата унгарската полиција им земала изјави на патниците и возачот. Во соопштението е наведено дека надлежните органи на возачот не му одредиле притвор и тој бил пуштен без кауција.
XS
SM
MD
LG