Достапни линкови

Исландската опозиција победи на изборите


Исландската централно ориентирана опозиција ќе се врати на власт, пет години по економскиот колапс на земјата. Партијата на независноста и Прогресивната партија најверојатно ќе добијат 40 места од 63 во Парламентот.
Двете партии беа соборени во 2009 година по глобалната финансиска криза, која предизвика колапс на најголемите банки. Тие на гласачите им ветија поголем економски раст по острите мерки за штедење во изминатите години на власта во заминување.
XS
SM
MD
LG