Достапни линкови

logo-print

Десетици демонстранти уапсени во Русија


Руската полиција уапси десетици демонстранти на Црвениот плоштад во Москва за време на протестите против режимот на рускиот претседател Владимир Путин. На протестите беше побарано одржување на нови претседателски избори. Тие беа организирани од левичарското движење, чиј припадник е и опозицискиот лидер Сергеј Удалцов, кој се наоѓа во домашен притвор.
XS
SM
MD
LG