Достапни линкови

Уапсен осомничен за отровното писмо до Обама


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американските власти го обвинија 41 годишниот Еверет Дутске од Мисисипи за поседување на рицин во врска со истрагата за отровните писма испратени до претседателот Барак Обама и други државници. Писмата кои содржеле рицин беа испратени на 18 април до Обама, сенаторот Роџер Викер и судијата Сејди Холанд од Мисисипи.
Дутске треба утре да се појави пред судот во Оксфорд. Тој доколку биде осуден се соочува со доживотна казна затвор.
XS
SM
MD
LG