Достапни линкови

logo-print

Русија:да се докажат тврдењата на САД за Сирија


Еден од првите советници на рускиот претседател, Владимир Путин смета дека обвинувањата дека Сирија користи хемиско оружје не треба да бидат оправдување за странска воена интервенција во земјата. Рускиот заменик министер за надворешни работи, Михаил Богданов денеска во Бејрут истакна дека „доколку има сериозни информации дека Сирија користи хемиско оружје, тие информации треба да се проверат“a не да се користат за „постигнување на други цели“. Неговите пораки следуваат еден ден по изјавата на американскиот претседател Барак Обама дека употребата на хемиско оружје би била клучна за промената на ставот на САД кон кризата во Сирија. Во четвротокот, за прв пат американски официјални претставници изјавија дека постојат докази оти Сирија користи хемиско оружје во мали количини но дека е потребна дополнителна истрага за да се потврдат сомневањата.
XS
SM
MD
LG