Достапни линкови

logo-print

Денеска ќе биде формирана италијанската влада?


Поранешниот италијански премиер, Силвио Белрускони изјави оти верува дека денеска ќе се формира новата италијанска влада, која ќе биде составена од широка коалиција на партии. Белрускони рече и дека тој не би сакал да учествува во Владата која ќе ја предводи лидерот на левиот центар Енрико Лета. Лета е внук на поранешен советник на Белрускони. Лета е нов мандатар на италијанската влада но за да стане премиер треба да ја добие и поддршката на десната коалиција предводена од Белрускони. Денеска Белрускони и Лета разговараа околу тоа. Политичката криза во Италија трае од изборите кои се одржаа во февруари по што следеа безуспешни обиди да се формира влада.
XS
SM
MD
LG