Достапни линкови

Боингот 787 Дримлајнер ќе продолжи да лета


Државната авиокомпанија на Етиопија стана прва која ќе продолжи со летови со Боинг 787 Дримлајнер, три месеци откако тој беше приземјен поради технички проблеми. Етиопискиот Дримлјанер ќе лета до Меѓунарониот аеродорм во Најроби, означувајќи го првиот патнички лет откако регулаторите го приземјиа леталото во јануари поради проблеми со батеријата кои се појавија на два авиона. Американските регулатори одобрија нов тип на батерија минатата недела , овозможувајќи продолжување на летовите. Приземјувањето на Дримлајнерот е проценето на 600 милиони долари.
XS
SM
MD
LG