Достапни линкови

Иванов на Седона форумот во Аризона


Претседателот Ѓорѓе Иванов присуствува на Форумот Седона во Аризона кој претставува затворен собир на високи политички и бизнис претставници од САД и од светот.
Иванов, кој присуствува на Форумот на покана од Институтот на американскиот сенатор Џон Мекејн кој е организатор на овој форум имаше средба со американскиот потпретседател Џо Бајден, јавува МИА.
Со исклучок на воведната дискусија, меѓу Бајден и Мекејн, предвидено е сите средби и разговори на форумот да се кријат подалеку од јавноста.
Претседателот Иванов, кој во САД допатува од посетата на Канада, имаше и подолга средба со канадскиот министер за одбрана Питер Мекеј, кој исто така учествува на форумот Седона.
Предвидено е претседателот Иванов да учествува на денешната панел дискусија, која ќе биде посветена на интеграциите во Европа. Главна тема на Седона Форумот е ширењето и одбраната на демократијата во светот.
XS
SM
MD
LG