Достапни линкови

Талибанците најавуваат офанзива во Авганистан


Авганистанските талибанци најавија дека наскоро ќе започнат пролетна офанзива против авганистанката влада, НАТО силите и нивните дипломатски центри преку бомбаши самоубијци и „инфилтрирани“ агенти, се вели во нивнотот соопштение објавено денеска.
Операцијата „Халид бин Валид“ е наречена според големиот муслимански војсководец од седмиот век и треба да започне утре.
Талибанците апелираа до власта да се справи со корумпираната администрација а племенските водачи и свештениците да ги спречат младите да се пријавуваат во армија и во полиција.
Портпаролот на авганистанското министерство за одбрана рече дека талибанците секоја пролет најавуваат офанзива но дека не се способни да ги нападнат директно авганистанските сили туку користат тактика на подметнување бомби на патиштата и самоубиствани напади.
XS
SM
MD
LG