Достапни линкови

Српскиот парламент го изгласа договорот за Косово


Со 173 гласа „за“, синоќа српскиот парламент го одобри договорот за нормализирање на односите со Косово. Пред гласањето, премиерот Ивица Дачиќ го повика Парламентот да го поддржи договорот со предупредување дека отфрлањето би значело претворање на земјата во „европска Северна Кореја“. Пред почетокот на дебатата неколку стотици приврзаниици на неколку крајно десничарски движења протестираа пред зградата на Парламентот извикувајќи „Косово е Србија “и „предавници“.Договорот беше постигнат минатиот петок со посредство на Брисел. ЕУ во понеделникот препорача отпочнување преговори за членство на Србија во Унијата и за потпишување Спогодба за стабилизација и асоцијација во Косово.
XS
SM
MD
LG