Достапни линкови

Неделен печат - Роуд шоуа, Жерновски и состојби во опозицијата


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Кога имаме сериозни проблеми, премиерот оди на роуд-шоуа, пишува Глобус. Република ги анализира состојбите во опозицијата, а Капитал објавува интервју со градоначалникот на Центар Андреј Жерновски.

Глобус - Кога имаме сериозни проблеми, премиерот оди на роуд-шоуа
Груевски бега од Скопје штом настане некој проблем или тој треба да одлучува за нешто: таков беше случајот со признавањето на Косово, па со напнатоста во меѓунационалните односи по поклонувањето на министерот Бесими на споменикот на ОНА во Слупчане, а и сега има посета со сериозна широчина - Средниот Исток и Бразил, Аргентина и Мексико.
Глобус.

Новиот градоначалник на скопската општина Центар Андреј Жерновски.
Новиот градоначалник на скопската општина Центар Андреј Жерновски.
Кога имаме сериозни проблеми, премиерот оди на роуд-шоуа - гласи насловот на еден од текстовите во он-лајн магазинот Глобус посветен на големите турнеи за привлекување странски инвестиции што премиерот редовно ги прави со голема свита, а резултатите никако да се видат од толку честите пакувања на куферите, како што пишува неделникот. Потоа ги реди неколку пати проверуваниот интерес на бизнисот во САД и Канада за вложувања во Македонија, па сличните посети на Јапонија, Сингапур, многу земји на Западна Европа, па седум пати за Турција, а сега, наведува Глобус, Владата замина на т.н. роуд-шоу во Централна Азија, во Азербејџан, каде што отпатува директно по посетата на болницата во Бардовци, и во Латинска Америка. И како за крај, Глобус ја кажува поентата: Груевски бега од Скопје штом настане некој проблем или тој треба да одлучува за нешто: таков беше случајот со признавањето на Косово, па со напнатоста во меѓунационалните односи по поклонувањето на министерот Бесими на споменикот на ОНА во Слупчане, а и сега има посета со сериозна широчина - Средниот Исток и Бразил, Аргентина и Мексико. Таман за да се одложи притисокот на Ештон, темата за името што ја носи новиот предлог на Нимиц, потоа лошиот извештај на Стејт департментот за човековите права во Македонија, а секако, и неволјите кои можат да настанат со третото, изнудено прегласување во Центар и во Струга, наведува Глобус.
Дали чистката во најголемата опозициска партија ќе продуцира револуција и промени на македонската политичка сцена.
Република.

Капитал – Интервју со Жерновски

Капитал објавува големо интервју со новиот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски, во кое, покрај другото, и тој смета дека премиерот Груевски се соочува со досега најконкретен притисок за решавање на името. „Датумот за преговори (со ЕУ) е од особено значење за земјата, но не препознавам волја кај актуелната власт за исполнување на условите. Не се работи само за решавање на неразумниот спор за името, туку и за целосно непочитување на политичкиот договор постигнат со посредство на еврокомесарот Филе. Едно е сигурно - премиерот Груевски се наоѓа под досега најконкретен притисок од страна на меѓународната заедница, но и од страна на коалициониот партнер. Разврската допрва следува“ - вели Жерновски во интервјуто за Капитал.

Република – Протераните не веруваат во демократизација на СДСМ

Република продолжува да се занимава со судбината на опозициската СДСМ, па во опширниот текст пишува дека „политичките дисиденти не се гледаат во матичната партија“, затоа што „Протераните не веруваат во демократизација на СДСМ“. Неделникот го поставува прашањето дали чистката, како што пишува, во најголемата опозициска партија ќе продуцира револуција и промени на македонската политичка сцена. Бунтовниците со причина, како што ги нарекува неделникот, не исчезнаа и се подготвуваат за возвратен удар, навестува Република.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG