Достапни линкови

Тодоров: Подготвени сме за помош на повредените во сообраќајката кај Ѓер


Министерството за здравство е подготвено да даде логистичка подршка за повредените во автобуската несреќа кај Ѓер, најави денеска министерот за здравство Никола Тодоров. Повредени се 28 лица, од кои 21 се македонски државјани.
Повредените Македонци се сместени во една од најсовремените болници во која има ургентен центар и центар за траума. Подготвени сме да испратиме амбулатни возила и медицински екипи за транспорт на повредените, изјави Тодоров, нагласувајќи дека досега се побарани само две медицински возила.
Тој додаде дека Министерството за здравство е подготвено да обезбеди превоз и за полесно повредените патници од сообраќајната несреќа доколку е потребно.
XS
SM
MD
LG