Достапни линкови

logo-print

Во сообраќајката кај Будимпешта, еден потешко повреден


илустрација

илустрација

Во автобусот на агенцијата „Тото“ што синоќа излета од патот во близина на градот Ѓер, на 50 километри од Будимпешта, се наоѓале 21 македонски државјанин, четири чешки и тројца бугарски државјани, информира македонското министерство за надворешни работи, додавајќи дека еден македонски државјанин бил потешко повреден и се наоѓал во животна опасност. Според официјалните полициски информации, несреќата се случила во еден часот и пет минути по полноќ, а автобусот кој се движел во правец кон Прага излетал од патот. Повредените патници биле пренесени во Татабања и во Ѓер. Деветмина кои биле отпуштени од болница решиле да се вратат во Скопје, а двајца го продолжиле патот за Прага, велат во МНР.
XS
SM
MD
LG