Достапни линкови

Приведен претседателот на Федерацијата БиХ


Живко Будимир

Живко Будимир

Претседателот на Федерацијата Босна и Херцеговина Живко Будимир бил приведен денеска по налог на Јавното обвинителство на БиХ, потврдија за радио Слободна Европа полициски извори во Сараево. Според полицијата, тој се товари дека примал поткуп за помилување осуденици, како и други кривични дела. Босанските медиуми јавија дека била претресена канцеларијата на Будмир во зградата на Претседателството на Федерацијата БиХ.
XS
SM
MD
LG