Достапни линкови

Русија се оградува од ставовите на заменик-претседателот на собранието


Руското министерство за надворешни работи испрати писмо до властите во Таџикистан во кое е наведено дека забелешките на заменик-претседателот на руската Дума Владимир Жириновски за Таџикистан се негови лични ставови кои биле изразени за време на телевизиско ток шоу. Изразените мислења и коментари немаат никаква врска со ставот на Русија, се наведува во дописот. Лидерот на руските либерали на телевизиската програма говореше околу инсистирањето на таџикистанските власти Русија да плаќа повисока кирија за своите три воени бази во земјата.
XS
SM
MD
LG