Достапни линкови

logo-print

Стејт Департментот за македонското малцинство во Грција


Стејт департменот во извештајот за состојбата на човековите права во Грција во минатата година се осврнува и на проблемот со македонското малцинство во земјата. Во него е наведено дека голем број на граѓаните се идентификувале како Турци, Помаци, Власи , Роми, Арванити или Македонци. Но иако владата го афиримира правото на поединецот на самоидентификација, голем број на поединци кои себеси се дефинираат како припадници на малцинска група, тешко го изразиле нивниот идентитет слободно, како и одржувањето на нивната култура.
Во однос на Македонците во извештајот е објавено дека “Владата не го признала постоењето на словенски дијалект, наречен "македонски" од страна на неговите говорници и дека мал број од тие говорници се идентификувале себеси како "Македонци", ознака која генерирала силна опозиција од други граѓани. Овие лица тврделе дека Владата води политика со цел да се обесхрабри употреба на нивниот јазик.
Според Стејт Депратментот, владините претставници и судовите ги одбиле барањата на словенските групи, да се идентификуваат себеси користејќи го терминот "македонски", наведувајќи дека околу 2,2 милиони етнички (и лингвистички) грчки граѓани го користат терминот "македонски" за да се идентификуваат себеси. Владата долго време одбива да признае здружение со име "Дом на македонската култура", противејќи се на употребата на терминот "македонски".
XS
SM
MD
LG