Достапни линкови

Србија ќе го разгледа распишувањето референдум за Косово


Српскиот вицепремиер Александар Вучиќ

Српскиот вицепремиер Александар Вучиќ

Српскиот вицепремиер Александар Вучиќ изјави денеска дека владата е подготвена да го разгледа распишувањето на референдум за бриселскиот договор со Косово, но само под услов косовските Срби да ги прифатат резултатите и да учествуваат во спроведувањето на договорот. Според него, тие имаат рок до четврток да се изјаснат.
Вучиќ порача и дека српската влада може да падне, но одлуката за компромисот нема да се менува, бидејќи тоа е единствениот начин.
XS
SM
MD
LG