Достапни линкови

Бангладеш-40 лица спасени од урната зграда


Спасувачката акција во Бангладеш

Спасувачката акција во Бангладеш

Четриесет лица биле извлечени живи од урнатините на зграда на една фабрика за облека во Бангладеш. Спасувачите кои ги пронашле преживеаните заробени во една соба биле пречекани со аплауз од толпата која се собрала на местото на несреќата во близина на главниот град Дака.
Спасувачката операција била пренесувана во живо на националната телевизија. Повеќе од 230 лица загинаа при уривањето на зградата, а околу 1000 биле повредени.
XS
SM
MD
LG