Достапни линкови

Новиот градоначалник на општина Центар Андреј Жерновски најави ревизија и потпиша мораториум на сите активности од проектот Скопје 2014 кои се во надлежност на општината.

Мораториум на проектот Скопје 2014 односно на сите активностите кои се во надлежност на општината Центар. Ова е првата одлука која ја потпиша новиот градоначалник на скопската општина Андреј Жерновски. Тој изјави дека со тоа се стопираат сите градби, исплати и соработки на општината со фирмите поврзани со мега-проектот и најави целосна ревизија.
Финансиските служби ќе мора да видат што се случува, каква е дозволата и до каде е процедурата со новата зграда што ВМРО-ДПМНЕ ја започна, потоа до каде е процедурата со новата фасада на зградата на Република Македонија и воопшто со сите активности што во овој момент се одвиваат, бидејќи мора да се констатира улогата, вмешаноста, а таа е се разбира доминантна поради деталните урбанистички планови на Општина Центар.

„Финансиските служби ќе мора да видат што се случува, каква е дозволата и до каде е процедурата со новата зграда што ВМРО-ДПМНЕ ја започна, потоа до каде е процедурата со новата фасада на зградата на Република Македонија и воопшто со сите активности што во овој момент се одвиваат, бидејќи мора да се констатира улогата, вмешаноста, а таа е се разбира доминантна поради деталните урбанистички планови на Општина Центар“, изјави Жерновски.

По ова со писмена реакција се огласи владејачката ВМРО-ДПМНЕ во која е наведено дека партијата инсистира Жерновски да направи контрола на сите постапки и процедури поврзани со спроведување на проектот Скопје 2014, затоа што се е градено според законите. ВМРО-ДПМНЕ жали што Жерновски од првиот ден започна со мораториуми и блокада. Тој така и ќе заврши, по утрото и денот се познава, тој мандатот го почнува со желба да запре, на тоа што веќе се гради и работи, пишува во реакцијата.
За сите попречувања и оддолжувања, правните субјекти ќе имаат можност со тужби и пенали да се заштитат од незаконските постапки на Жерновски, а во тој случај штетата ќе треба да ја плати Буџетот на Општина Центар, па затоа ние внимателно ќе ги следиме сите постапки и ќе се спротивставиме на сите одлуки кои ќе нанесат штета на Буџетот на Општина Центар, односно на граѓаните на Општина Центар.

Во продолжение на реакцијата е наведено дека за нив е очигледно оти Жерновски сака да биде мал Бранко Црвенковски, кој, како што велат, само блокирал и контрирал.

„За сите попречувања и оддолжувања, правните субјекти ќе имаат можност со тужби и пенали да се заштитат од незаконските постапки на Жерновски, а во тој случај штетата ќе треба да ја плати Буџетот на Општина Центар, па затоа ние внимателно ќе ги следиме сите постапки и ќе се спротивставиме на сите одлуки кои ќе нанесат штета на Буџетот на Општина Центар, односно на граѓаните на Општина Центар“, меѓу другото е наведено во писмената реакција.
Андреј Жерновски, градоначалник на Општина Центар.

Андреј Жерновски, градоначалник на Општина Центар.


Реакција стигна и од Министерството за култура, кое наведува дека Жерновски нема правен основ да пропише каков било мораториум на изградбата на објектите кои се во надлежност на Министерството за култура.

„Потенцираме дека за сите активности поврзани со градбите коишто преку Министерството за култура се реализираат на територијата на општина Центар се постапува во согласност со законските прописи во Република Македонија, а објектите се градат во согласност со добиените правосилни одобренија за градење“, се наведува во реакцијата на Министерството за култура.
Потенцираме дека за сите активности поврзани со градбите коишто преку Министерството за култура се реализираат на територијата на општина Центар се постапува во согласност со законските прописи во Република Македонија, а објектите се градат во согласност со добиените правосилни одобренија за градење.

Во меѓувреме спроти хотелот „Бристол“, во близина на Старата железничка станица, револтирани граѓани се собраа да изразат незадоволство против одлуката на град Скопје за сечењето на дрвјата во близина на зградите каде што живеат.

„Жално е, во сред Скопје дрво не остана, намерно ова го прават.“

„Со нашата комшиска сила, сите да се собереме пак ако продолжат да работат“, рекоа граѓаните

Жерновски вели дека случувањата во изминатиов период го потсетуваат на времето кога ЈНА се селеше од Македонија.

„Кога се крадеа и штекери, кога се уништуваше сè или сè се земаше со себе за да се однесе надвор од државата“, рече Жерновски.

Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска, која попладнево дојде на местото каде што се сечеа дрвјата, го осуди настанот и се обиде да им објасни на жителите дека сечата не требала да се случи во транзиционен период на локалната власт.

„Не е во ред администрацијата да носи вакви одлуки во вакуум време помеѓу една и друга власт“, рече Поповска.

Нејзината појава и изјава наиде на негодувања кои прераснаа во расправии со граѓаните и со новиот претседател на советот на општината Центар Мирослав Шиповиќ, кој беше на местото каде што се вршеше сечењето на дрвјата.

Граѓаните кои беа собрани да се спротивстават на сечата ја обвинуваат Поповска дека како партија која е дел од власта и која се декларира како партија која се грижи за зеленилото, ништо не презеле за да го спречи уништување на зеленилото. Дел до жителите на Центар најавија дека правдата ќе ја бараат преку судовите.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG