Достапни линкови

logo-print

Рекордна невработеност во Шпанија


Штрајк во Шпанија

Штрајк во Шпанија

Невработеноста во Шпанија во првата четвртина на годинава забележа рекордно ниво. Националниот институт за статистика соопшти денеска дека бројката на невработени лица изнесува над 6 милиони, односно 27,16 проценти.
Шпанија, која е четврта по ред најголема економија во еврозоната се бори со длабока рецесија која беше предизвикана од колапсот на недвижностите во 2008 година. Пред рецесијата стапката на невработеност изнесуваше 8 проценти.
XS
SM
MD
LG