Достапни линкови

logo-print

Шпанија со поддршка за Македонија за членство во НАТО


Генерал-мајор Горанчо Котевски

Генерал-мајор Горанчо Котевски

Билатералната воена соработка меѓу армиите на Македонија и на Шпанија е на високо ниво и во иднина ќе се подобрува со внесување нови содржини, заклучија началниците на ГШ на армиите, генерал-мајорот Горанчо Котески и генерал адмирал Фернандо Гарсија Санчез. На средбата е разговарано за упатување припадници на АРМ на обука во Мадрид.
Санчез изјави дека Шпанија ја поддржува интеграцијата на Македонија во НАТО и во тој контекст повика да биде зголемена билатералната соработка во различни области. Делегацијата на вооружените сили на Шпанија е во дводневна официјална посета на Македонија и АРМ.
XS
SM
MD
LG