Достапни линкови

Во услови кога не постои внатрешен консензус за ниту едно прашање и кога отсуствува политички дијалог меѓу власта и опозицијата, предвремените парламентарни избори се секогаш еден од можните решенија.

Домашната јавност е поделена околу прашањето за можни предвремени парламентарни избори. Во услови кога не постои внатрешен консензус за ниту едно прашање и кога отсуствува политички дијалог меѓу власта и опозицијата, предвремените парламентарни избори се секогаш еден од можните решенија, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу. Предвремени да, но не сега, туку во септември, прогнозира Муслиу.
Реално, летото е секогаш мирно политичко раздобје, така што од септември мислам дека е можно да се влезе во таков циклус.

„Реално, летото е секогаш мирно политичко раздобје, така што од септември мислам дека е можно да се влезе во таков циклус“, вели Муслиу.

Власта повеќе ги користи за да се зацврсти за следните можеби 4 до 6 години, но опозицијата ако предизвика на некој начин уште поголема политичка криза и стаса до предвремени парламентарни избори, нема да и одат во прилог.
За разлика од него, политикологот Соња Стојадиновиќ смета дека предвремени избори нема да има, оти опозицијата не е подготвена да и биде вистински противник на власта. Резултатите од локалните избори без сигнал дека опозицијата мора итно да се реформира, пред да се одлучи да и се спротистави на власта, вели таа.

„Власта повеќе ги користи за да се зацврсти за следните можеби 4 до 6 години, но опозицијата ако предизвика на некој начин уште поголема политичка криза и стаса до предвремени парламентарни избори, нема да и одат во прилог.“

За Муслиу, пак, резултатите од локалните избори не се репер, оти како што посочува на нив граѓаните гласаат за личност, а не за партија. Сепак смета дека она што ќе се случува во блиска иднина, ќе одлучи дали изборите ќе бидат излез од политичката блокада и нефункционалноста меѓу главните политички партнери.

„Сè зависи од тоа како ќе се одвиваат работите во блискиот краток период, значи во наредните шест месеци за да можеме да процениме што ќе се случи на евентуални предвремени парламентарни избори. Реално не мислам дека некои драматични придобивки која било страна би имала.“

Евентуални предвремени избори би можеле да предизвикаат промени во распоредот на политичките сили во албанскиот блок, но дефинитивно не во македонскиот, смета Стојадиновиќ.

„Значителна промена би била во делот на албанскиот блок, бидејќи сè повеќе и повеќе и албанските интелектуалци и некои партиски челници го подигаат гласот против ДУИ и политиката на ДУИ.“

Од партиите засега молк на оваа тема. Опозицискиот СДСМ се подготвува за вечерашниот централен одбор на партијата, по кој и официјално треба да почне постапката за кандидирање за нов лидер на социјалдемократите, доколку Бранко Црвенковски потврди дека заминува од лидерската позиција. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, распиша оглас за кандидати за претседатели на 23 општински комитети низ земјата, со што продолжува процесот на освежување на кадрите во партијата, односно почнува новиот бран во раководните функции во партијата и во државните институции.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG