Достапни линкови

Наместо демократски институции на системот со текот на годините се намножија приврзаниците на формалната демократија и цивилизациските дезертери убедени дека нивната позиција е подобра од секоја друга.

Кога пред повеќе од две децении македонските граѓани гласаа за независна држава, сигурно не можеа ни да претпостават дека времето нема да му оди во прилог на нивниот глас даден за развој на демократска држава. Дека наместо демократски институции на системот со текот на годините ќе се намножуваат приврзаниците на формалната демократија и цивилизациските дезертери убедени дека нивната позиција е подобра од секоја друга. Денеска не е ни малку чудно како последица да ни пристигнуваат извештаи со никакви оценки за почитување на човековите права нарушени од мешањето на властите во судството, медиумите, корупција, пресметка со политичките неистомисленици и нетолеранција на секој критицизам упатен кон власта.
Социолозите, политиколозите, понекогаш умеат да кажат дека политиката веќе им се вовлекла на македонските граѓаните дури и во спалните соби под самите перници. Политиката од низа објективни и субјективни околности се претвори во нешто што е дефинитивно одлучувачко и за судбината на поединецот, меѓутоа и за судбината на групите и на целиот македонски простор. Навлезе во сите сфери, во сите домени на социјалниот живот, од оние наједноставните сфери да речеме сферата на спортот на пониските нивоа, па се до сферата на забавата и до сферата на вработувањето, на кариерата, на професијата, на афирмацијата на поединците итн.

Социолозите се загрижени од целосната политизираност на општеството, експертите кои го анализираат нивото на заштита на човековите права како целосно отсуство на избор и слобода на поединците.

„Социолозите, политиколозите, понекогаш умеат да кажат дека политиката веќе им се вовлекла на македонските граѓаните дури и во спалните соби под самите перници. Политиката од низа објективни и субјективни околности се претвори во нешто што е дефинитивно одлучувачко и за судбината на поединецот, меѓутоа и за судбината на групите и на целиот македонски простор. Навлезе во сите сфери, во сите домени на социјалниот живот, од оние наједноставните сфери да речеме сферата на спортот на пониските нивоа, па се до сферата на забавата и до сферата на вработувањето, на кариерата, на професијата, на афирмацијата на поединците итн.“, посочува социологот Ѓорги Тоновски.

„Секаде каде ќе отидеш ти бараат партиска книшка, ако не, шансите ти се многу мали и за вработување и за опстанок во животот воопшто.“

„И една средба меѓу пријатели веднаш поминува во конфронтации во однос на тоа кој, како и во која партија е, кој што доживеал од една, а кој од друга партија, така да мислам дека политиката секаде е присутна“, зборуваат граѓаните.
И една средба меѓу пријатели веднаш поминува во конфронтации во однос на тоа кој, како и во која партија е, кој што доживеал од една, а кој од друга партија, така да мислам дека политиката секаде е присутна.

Граѓаните се наоѓаат во комплетна политичка зависност, потенцира професор Мирјана Најчевска, што ја доведува во прашање нивната елементарна слобода.

„Онаа базична слобода којашто е во основата на човековите права, како може човек да биде слободен и слободно да бира кога ако тоа дали ќе јаде или нема да јаде, дали ќе има или нема да има работа, дали ќе добие здравствена заштита или нема да добие здравствена заштита, зависи од одредена политичка структура“, вели Најчевска.

Онаа базична слобода којашто е во основата на човековите права, како може човек да биде слободен и слободно да бира кога ако тоа дали ќе јаде или нема да јаде, дали ќе има или нема да има работа, дали ќе добие здравствена заштита или нема да добие здравствена заштита, зависи од одредена политичка структура.
Тројца новинари неодамна ја добија првата нововостановена награда Никола Младенов од страна на МИМ за приказната вработување по партиски список во која јавната тајна ја потврдија во телефонски разговор неколкумина нововработени во неколку јавни претпријатија - биле предложени од партиски штабови. На медиумите сè повеќе им се стеснува просторот да ги истражуваат аномалиите на демократијата во наши услови. Демократијата, која изворно ја содржи обврската да биде пред нишанот на критичката јавност, во македонските услови на бројни аномалии егзистира пред нелогично затворените очи на медиумите. Во извештајот на Стејт департментот се подвлекува проблемот на цензурата и самоцензурата во медиумите кога станува збор како што се вели теми кои се осетливи за Владата.

„Медиумите се целосно зависни од владините реклами, пазарната економија според оние либерални економски принципи мислам дека во Македонија воопшто не функционира, доколку се продолжи со овој концепт не гледам потенцијал за развој во ниту еден сегмент“, илустрира дел од состојбите Билјана Петковски, директор на МИМ.
Медиумите се целосно зависни од владините реклами, пазарната економија според оние либерални економски принципи мислам дека во Македонија воопшто не функционира, доколку се продолжи со овој концепт не гледам потенцијал за развој во ниту еден сегмент.

Во слична состојба се наоѓа и граѓанскиот сектор. Политизацијата не му е туѓа, посочуваат познавачите на состојбите и покрај тоа што нивното финансирање би требало да е независно од власта.

„Партиите и не можат да им платат на невладините организации освен ако не се на власт, е тогаш веќе имаме една друга ситуација во која исто така се наоѓаат и медиумите. Грантовите кои одат преку влада, тогаш се примамлива ситуација за невладините организации и тие често знаат да паднат под влијание на партиите на власт“, изјави Џабир Дерала, претседател на невладината Цивил.

Тоа се должи на фактот дека невладиниот сектор како што додава Дерала е огледало на општеството во целина. Процесот на неговата деполитизација ќе биде подолготраен и поболен одошто може да се очекува.
Партиите и не можат да им платат на невладините организации освен ако не се на власт, е тогаш веќе имаме една друга ситуација во која исто така се наоѓаат и медиумите. Грантовите кои одат преку влада, тогаш се примамлива ситуација за невладините организации и тие често знаат да паднат под влијание на партиите на власт.

„Солидарност тоа е првата работа која треба да се изгради меѓу организациите на граѓанското општество, прво солидарноста, а и отвореност, а и соработката меѓу нив би требало да претставува оној прв чекор кој би можел да ги ослободи граѓанските организации, впрочем граѓанското општество е токму најповикано да се бори против партизираноста во општеството, поради тоа најтешкиот и првиот исчекор треба токму тие да го направат“, вели Дерала.

Сè поголемата и подрастична политизација на медиумскиот простор како и на граѓанскиот сектор, го стеснува просторот и за реагирање и покренување на обратните процеси, посочуваат експертите. Оваа состојба, но и состојбата на политизираното судство ги обесхрабрува граѓаните да реагираат и им нуди помалку оптимизам дека ќе успеат да ја истераат правдата освен на начин кој е понеповолен за нив, вели професор Мирјана Најчевска.
И во правото и во секое правно уредено општество стои правилото – Што поголема функција, тоа поголема одговорност. Кај нас, еве да ги оставиме другите видови на одговорност, на пример кривична, дисциплинска, трудово-правна, да ја земеме политичката одговорност. Па ве молам, кој функционер досега е разрешен поради невршење на функцијата согласно надлежноста и компетенцијата? Ниту еден функционер кај нас не одговара.

Не оди подалеку од ваквите перцепции ниту анализата на професор Осман Кадриу. Не само поради нотираните забелешки на сметка на судството во повеќето од досегашните извештаи и од страна на ЕК, па заклучно со последниот прилично експлицитен од страна на Стејт департментот, во оваа сфера е забележливо влијанието на власта во донесувањето на одлуките, потенцира Кадриу.

„Треба да се зборува отворено и за судството, дека имаме конкретни постапки, конкретни судски одлуки кои се резултат на некакви влијанија надвор од судството.“

Политизацијата се случува на сите нивоа и во сите области, додава Кадриу. Ја има во речиси сите државни институции, ја има во органите кои треба да се борат против корупцијата, им се случува на сите процеси кои ќе отпочнат со цел да се создадат подобри услови за демократски развој на земјата, ја има и на спортските натпревари, дотаму, посочува Кадриу што треба да се запрашаме дали овде воопшто функционира правна држава.

„Дали владее правната држава, дали кај нас владее правото и како се ценат, како се вреднуваат и како се остваруваат човековите права и слободи“, вели Кадриу.
Тоа е прашањето на авторитетот, тоа е прашањето на моќта, тоа е прашањето на влијанието, значи тие подрачја, таа политика, бидејќи не е стопирана од некакви силни граѓански или поинакви демократски механизми, таа политика сака да ги освои, да ги обои по свое.

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски во посета на администрацијата..

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски во посета на администрацијата..

Демократијата, создадена за да биде пред нишанот на критичката јавност, во Македонија се сведува на форма при што вонредната состојба се прогласува за повисок облик на демократија. Сето ова ги нарушува меѓучовечките односи на сите нивоа, посочува професор Кадриу. Луѓето стануваат сè понесигурни. Довербата значително се намалува, таа создава непријателство, а тоа омраза по сите основи, поделеност и конфликти. Кому тоа му одговара, е прашањето кое го произведува новосоздадената реалност. И како се зголемува поларизираноста? Останувањето на истата поделба во текот на целиот период од осамостојувањето на лево и десно без големи можности за појавување на нови опции ја олеснува поларизацијата на граѓаните и ги гуши слободните демократски иницијативи, вели социологот Тоновски и го олеснува слободниот продор на политиката во социјалното миље.
Граѓанскиот сектор во Македонија ценам дека е многу динамичен и зрел за да не се политизира така што ќе настојува да се постави во одбрана на демократските принципи и заштита на достоинството на човекот. Граѓанскиот сектор е тој што сè уште го крева гласот на разумот и делува како фактор на разумот. Ќе потсетам тука на иницијативите на АМАН, Плоштад Слобода итн., кои, иако не го постигнаа посакуваниот ефект, сепак го артикулираа гласот на граѓаните кои немаат храброст поодлучно да застанат зад таквите иницијативи.

„Тоа е прашањето на авторитетот, тоа е прашањето на моќта, тоа е прашањето на влијанието, значи тие подрачја, таа политика, бидејќи не е стопирана од некакви силни граѓански или поинакви демократски механизми, таа политика сака да ги освои, да ги обои по свое“, вели Тоновски.

Општата тенденција да се постапува според потребите на партијата и со гласот на партијата, ја произведе како директна последица преголемата чувствителност на власта кон секој тип на критицизам, потребата да се угуши секој обид на јавно искажан став, секоја јавна дебата околу големи и суштествени прашања, секое соочување на спротивни и различни мислења, вели Кадриу.

А тоа е единствениот начин да се вратат процесите назад, додава професорот, кој на прво место сепак се залага за одговорноста како начин преку кој ќе профункционираат институциите на демократски начин во име и во интерес на сите граѓани.

„И во правото и во секое правно уредено општество стои правилото – Што поголема функција, тоа поголема одговорност. Кај нас, еве да ги оставиме другите видови на одговорност, на пример кривична, дисциплинска, трудово-правна, да ја земеме политичката одговорност. Па ве молам, кој функционер досега е разрешен поради невршење на функцијата согласно надлежноста и компетенцијата? Ниту еден функционер кај нас не одговара“, вели професор Осман Кадриу.

Решението е во враќање на вредностите, почитување и препознавање на квалитетот и реакциите од страна на граѓаните, велат дел од нив.

„Ако го распознаеме квалитетот и знаеме што е квалитет, тогаш. Штом гледаме само партиско опкружување или интересот на партијата, ќе останеме на ова место каде што сме.“

„Сепак треба да се менува нешто. Можеби за некого ова е многу добро, ама за некого не е“, велат граѓаните.

За експертите, клучот на деполитизацијата на целокупното општество е во зголемување на иницијативноста и сè поголемиот активизам кај невладиниот сектор. Делумно, тој ја извршува оваа задача, но засега само делумно особено поради фактот дека не ги постигнува очекуваните резултати, но и поради тоа што граѓаните немаат храброст да ги поддржат иницијативите што тој ги покренува, вели Љуљзим Хазири, активист од невладиниот сектор.

„Граѓанскиот сектор во Македонија ценам дека е многу динамичен и зрел за да не се политизира така што ќе настојува да се постави во одбрана на демократските принципи и заштита на достоинството на човекот. Граѓанскиот сектор е тој што сè уште го крева гласот на разумот и делува како фактор на разумот. Ќе потсетам тука на иницијативите на АМАН, Плоштад Слобода итн., кои, иако не го постигнаа посакуваниот ефект, сепак го артикулираа гласот на граѓаните кои немаат храброст поодлучно да застанат зад таквите иницијативи“, вели Хазири.

Другиот проблем е што гласот на граѓаните не се слуша до институциите на државата. Меѓутоа, токму од невладиниот сектор се очекува да почне да ги враќа процесите назад кон граѓаните и во интерес на граѓаните, велат експертите.

„Сметам дека нивната активност ќе се зголеми во наредниот период во оваа смисла, во овој домен, во оваа конотација. Ќе се зголеми по мое мислење и бројот на новоформирани невладини организации, кои, иако на почетокот ќе имаат некоја невладина намера, невладина активност, меѓутоа крајната цел ќе им биде сепак политичка, значи некое политичко дејствување, некое политичко движење“, вели Кадриу.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG