Достапни линкови

Боливија го тужи Чиле, сака излез на море


Во случај без преседан, Боливија која нема излез на море го тужи соседот Чиле на судот во Хаг за да добие премин на Тихиот Океан. Боливиските власти сметаат дека нивната земја треба да си ја врати територијата загубена со неколкуте договори склучени во 19 и 20 век.

Шефот на боливиската дипломатија Давид Чогуехуанка во Хаг, изјави дека е поднесена тужбата со која се бара на неговата земја да и биде гарантиран излез на Пацификот.

Претседателот на Чиле Себастијан Пињера веднаш одговори дека нема шанси за такво нешто.
Ево Моралес, претседател на Боливија.

Ево Моралес, претседател на Боливија.


„Би сакал да им гарантирам на моите сонародници дека како претседател ќе го бранам секој квадратен метар на нашата земја и секој квадратен метар на нашето море со сета своја сила, користејќи ги сите инструменти, договори и меѓународното право.“

Нема да се откажеме од чилеанскиот суверенитет во корист на која и да е друга држава, бидејќи нашата земја, нашето море, нашиот суверенитет легитимно им припаѓа на сите Чилеанци.
Многу земји без излез на море во светот се дефинирани со граници поставени од колонијалните сили пред повеќе од еден век и се многу заинтересирани за текот и исходот на боливискиот обид повторно да излегува на Тихиот Океан.

И во внатрешниот дел на Азија има неколку такви примери. Тој регионот беше разделен кон крајот на 19 и во почетокот на 20 век во држави кои и сега постојат на мапите. Токму тие граници се уште се извор на конфликти, особено во долината Фергана меѓу Киргистан, Таџикистан и Узбекистан.

Своето барање Боливија го засновува врз загубата на нејзината територија на крајот од војната со Чиле во доцните 80 години од 19 век. Тогаш Боливија загуби морски брег од околу 400 километри и земјиште од околу 120 илјади квадратни метри.

Чиле, пак, инсистира на договорот меѓу двете земји од 1904 година за демаркација на нивната меѓусебна граница.

Од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, Кина има претензии кон територии од Казахстан, Киргистан и Таџикистан врз основа на антички мапи со кои, како што тврди Пекинг, се докажувало дека тие биле кинески.

Сличен е случајот и со Авганистан кој постојано се спори околу границите со Пакистан и Иран.

Узбекистан е една од двете земји во светот, втората е Лихтенштајн, која има таканаречено „двојно неизлегување“ на море, односно треба да се минат две држави за да се дојде до море.
Себастијан Пињера, претседател на Чиле.

Себастијан Пињера, претседател на Чиле.


Неколку земји предводени од Казахстан заговараат можност за прекопување канали со цел да се поврзат со Каспиското или Црното море.

Овие држави, како и некои други во Азија и Африка, се премногу заинтересирани за резултатот од легалната битка за територија и пристап до море што се одигрува во Хаг.

Меѓутоа, без оглед на судскиот исход, чилеанскиот претседател Пињера јасно стави до знаење како ќе реагира неговата земја.

„Нема да се откажеме од чилеанскиот суверенитет во корист на која и да е друга држава, бидејќи нашата земја, нашето море, нашиот суверенитет легитимно им припаѓа на сите Чилеанци.“

Аналитичарите велат дека сличен, ако не и ист, ќе биде одговорот и на другите претседатели или премиери доколку нивните земји се најдат пред такво барање од своите соседи.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG