Достапни линкови

Командантот на шпанските вооружени сили Санчез во посета на АРМ


Горанчо Котески

Горанчо Котески

Во дводневна посета на Република Македонија и АРМ од денеска ќе престојува делегација на вооружените сили на Кралството Шпанија, предводена од началникот на Генералштабот генерал адмирал Фернандо Гарсија Санчез.
Делегацијата во ГШ на АРМ ќе има средба со началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески и со државниот секретар во Министерството за одбрана, Сашо Стефаноски.
Ова е прва официјална посета на АРМ од страна на еден Началник на ГШ на ВС на Кралството Шпанија, на која покрај унапредувањето на билатералната воена соработка, ќе се разговара и за искуствата на АРМ од учеството во мисиите предводени од НАТО и ЕУ и за трансформацијата на АРМ.
XS
SM
MD
LG