Достапни линкови

Партиски препукувања за Скопје 2014


СДСМ соопшти денеска дека завчерашната прес-конференција на власта за трошоците од проектот „Скопје 2014“, била „глумење отчетност и замајување на јавноста“. Според опозициската партија, проектот е финансиски скандал во кој се потрошени „тешко народни пари“. За СДСМ, „Скопје 2014“ е „културен инженеринг“ и „политичко-пропаганден манифест на партијата на власт“, кој „ја злоупотребува историјата и ги поместува темелните камења на националниот идентитет“. Штетен е за вредносниот систем во културата зашто со него главниот град, наведува партијата, станал „престолнина на кичот“ и поради тоа стигнал на насловниците на светскиот печат.
Од ВМРО ДПМНЕ реагираа дека со соопштување на цената на чинење на проектот Скопје 2014, СДСМ е фатена во лага, а јавноста и историјата се тие кои треба да го дадат конечниот став за проектот. Тие побараа од СДСМ да одговори на две прашања - што направиле или изградиле неговите членови за Македонија, и каде оделе парите кога тие биле на власт. Свесни сме дека СДСМ, немајќи со што да се пофали во полето на културата и уметноста, а најмалку во изградбата во време кога тие владееја, сакаат да фрлат дамка на се што се гради, помага и субвенционира во интерест на граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG