Достапни линкови

Новата болница во Охрид почна да работи


Новата болница во Охрид.

Новата болница во Охрид.

Медицинскиот персонал од Хирургија, Гинекологија, Уво, грло и нос, кој на работа одеше во Струга, се врати во матичната болница во Охрид. На уролошкото одделение беше направен и првиот оперативен зафат.

Новото болничко крило во охридската Општа болница почна со работа. По две години добивање на здравствени услуги во Струга, охриѓани конечно ќе се лекуваат во сопствениот град. Медицинскиот персонал од Хирургија, Гинекологија, Уво, грло и нос, кој на работа одеше во Струга, се врати во матичната болница. На уролошкото одделение беше направен и првиот оперативен зафат.
Сè е комплетно опремено, по најнови стандарди и висок степен на хигиена. Очекуваме уште два контејнери со поситен инвентар, кој беше планиран, но се снајдовме со некои работи кои беа добри од старата болница ги зедовме на користење сè додека опремата не се докомплетира.

Апаратурата во болницата е речиси 90 отсто инсталирана, а пациентите почнаа да се упатуваат во новата болница каде со полна пареа веќе работат амбулантите. Директорот Љубен Арнаудов признава дека проблем ќе претставува екипирањето, затоа што се покажало дека на одредени одделенија ќе има потреба од дополнителен персонал.

„Сè е комплетно опремено, по најнови стандарди и висок степен на хигиена. Очекуваме уште два контејнери со поситен инвентар, кој беше планиран, но се снајдовме со некои работи кои беа добри од старата болница ги зедовме на користење сè додека опремата не се докомплетира“, вели д-р. Љубен Арнаудов, директор на општата болница Охрид.
Од среда ќе го знаеме пресекот за работа. Јас мислам дека првото охриѓанче до крајот на месецов ќе биде родено во нашата болница.

Доктор Сашо Василевски вели дека се работи за огромен, нов и модерен здравствен центар кој се протега на површина од 6000 м2 и затоа е потребно прилагодување од страна на целокупниот персонал.

„Две недели сервисерите ќе бидат овде за да видиме, ќе се јават одредени проблеми. Опремата не само што е нова, туку се работи за опрема која е од најнова генерација. Ние можеме да се пофалиме дека нашата болница има најнова и најмодерна опрема која може да се најде и на интернет. Ги фаќаме редовите и со полна пареа ќе почнеме да работиме за десет дена. Прв пат некој колеги влегуваат во болницата и се воодушевени од условите во кои ќе работат“, рече Василевски.

На последна контрола во петокот бил и министерот за здравство Никола Тодоров, кој со раководниот тим на болницата направиле обиколка. Било утврдено каде има недостатоци и каде треба да се интервенира и на кои позиции е потребно доекипирање. Официјалното пуштање во употреба ќе се случи наскоро.

„Од среда ќе го знаеме пресекот за работа. Јас мислам дека првото охриѓанче до крајот на месецов ќе биде родено во нашата болница“, вели Василевски.

Болницата во иднина ќе делува како регионална, ќе се примаат и пациенти во иднина и од соседните градови во Албанија и ќе работи по нов режим на работа кој ќе важи за сите одделенија.
XS
SM
MD
LG