Достапни линкови

Косово утре ќе го претстави планот за договорот со Србија


Косовскиот премиер Хашим Тачи

Косовскиот премиер Хашим Тачи

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави денеска дека делегација на чело со вицепремиерот Хајредин Кучи утре во Брисел во кабинетот на Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон ќе го претстави планот за имплементација на договорот со Србија постигнат на 19 април.
Според него, тоа е конкретен план со законски акти и временски рокови. Тој најави дека очекуваат од 26 април да се усогласи планот онака како што е предвидено во договорот за веднаш да почнат со негова примена.
XS
SM
MD
LG