Достапни линкови

Во судири во Кина, дваесетина убиени


Над дваесет луѓе загинале во судири меѓу полицијата и демонстрантите во кинеската провинција Синјанг, јавауваат медиумите повикувајќи се на изјави на тамошни официјални личности. Се наведува дека до судирите дошло откако полицијата презела акција за спречување обид за терористички акции. Исто така се прецизира дека меѓу убиените имало и полицајци и припадници на етничкото малцинство Ујгури кои живеат во таа западна кинеска провинција. Ујгурите се жалат дека постојано биле изложени на репресија од кинеските власти.
XS
SM
MD
LG