Достапни линкови

Нема обвинение за праќањето писма со отров


Обвинителите во САД се откажаа од обвиненијата против човек од Мисисипи, кој беше обвинет дека испратил писма контаминирани со отровот рицин до американски официјални лица, меѓу кои и претседателот Барак Обама. Соопштението е објавено неколку часа откако осомничениот Пол Кевин Кертис беше ослободен од затворот во Мисисипи.
Во судскиот налог кој повикува на отфрлање на обвиненијата, обвинителите велат дека истрагата открила нови информации. Кертис изјавил дека го почитува претседателот Обама и оти никогаш не би сторил ништо што претставува закана. По откажувањето на обвиненијата, тој кратко рекол „ја сакам мојата земја“.
XS
SM
MD
LG