Достапни линкови

Судири во сунитски камп во Ирак, 23 загинати


Ирачките безбедносни сили вчера упаднале во сунитски протестен камп, по што дошло до смртоносна престрелка. Министерството за одбрана соопшти дека најмалку 23 лица, меѓу кои и тројца војници, загинале во Хавија, во близина на Киркук. Се наведува дека трупите одговориле откако врз нив бил отворен оган од вооружени лица. Безбедносните сили привеле 75 осомничени бунтовници и заплениле оружје.
Лидерите на протестот, пак, изјавија дека демонстрантите не биле вооружени кога трупите отовриле оган.
Ирачките сунитски муслимани протестираат од декември, барајќи оставка на доминантно шиитската влада на Нури ал Малиќи, обвинувајќи ја за репресија врз сунитите.
XS
SM
MD
LG